подлегне

Глагол, свршен

Значење на подлегне:

1. Прилегне, легне за кратко време. Тој подлегна малку да одмори.

2. а) Се предаде, е надвиен, победен. Им подлегна на повредите. б) Падне под влијание, попушти под притисок на некого или на нешто. Некои селани подлегнале под притисокот и потпишале.

Коњугација: (ќе) подлегнеа , (ќе) подлегнев , (ќе) подлегнел , подлегнаа , подлегнав , подлегнал , подлегнат, подлегнат , подлегнете , подлегни .

Изведени зборови:

  • подлегнува, глаг. несв. подлегнуваат ‒ повт.
  • подлегнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

подлегне, подлегнат; подлегни, подлегнете; подлегнав, подлегнаа; подлегнал; (ќе) подлегнев, (ќе) подлегнеа; (ќе) подлегнел; подлегнат св. 1. Прилегне, легне за кратко време. Тој подлегна малку да одмори. 2. а) Се предаде, е надвиен, победен. Им подлегна на повредите. б) Падне под влијание, попушти под притисок на некого или на нешто. Некои селани подлегнале под притисокот и потпишале. ‖ подлегнува, подлегнуваат несв. ‒ повт. ‖ глаг. им. подлегнување ср.