подлога
Значење на подлога:
1. Основа, темел, база на што се гради објект, се поставува нешто друго. Цврста подлога. Песочна подлога. Влажна подлога. Дрвена подлога.
2. Тоа што е во основата на нешто, на што се прави, се нанесува нешто друго. Тие настани имаат историска подлога. Тоа објаснение има научна подлога.
3. Растение на кое се калеми. Калемење на европската винова лоза на американски диви подлоги.
4. Предмет што се подметнува под друг предмет. Машината се поставува врз подлога од штици.
Множина: подлоги.
Фразеолошки израз / поговорка:
Ја губи подлогата под нозе ‒ се чувствува несигурен.
Оригинални податоци:
подлога, мн. подлоги ж. 1. Основа, темел, база на што се гради објект, се поставува нешто друго. Цврста подлога. Песочна подлога. Влажна подлога. Дрвена подлога. 2. Тоа што е во основата на нешто, на што се прави, се нанесува нешто друго. Тие настани имаат историска подлога. Тоа објаснение има научна подлога. 3. Растение на кое се калеми. Калемење на европската винова лоза на американски диви подлоги. 4. Предмет што се подметнува под друг предмет. Машината се поставува врз подлога од штици. ◊ Ја губи подлогата под нозе ‒ се чувствува несигурен.