подложи
Значење на подложи:
1. Подметне, постави, поткладе. Старите чевли ги подложи со нов ѓон.
2. (книж., прен.) Стави некого или нешто во некаква позиција на притисок, на испитување или преиспитување и сл. Неговото дело е подложено на најостра критика. Податоците ги подложи на сериозна проверка. Уапсените ги подложиле на најсурови измачувања.
Коњугација: подложат.
Изведени зборови:
- подлагање, глаг. им. ср. подлагање / подложување
- (се) подлага, глаг. несв. (се) подлагаат -- (се) подложува, (се) подложуваат
- се ~ подложи, Се стави на проверка; сп. подложи 2. Сакаше да се подложи на испит.
Оригинални податоци:
подложи, подложат св. 1. Подметне, постави, поткладе. Старите чевли ги подложи со нов ѓон. 2. (книж., прен.) Стави некого или нешто во некаква позиција на притисок, на испитување или преиспитување и сл. Неговото дело е подложено на најостра критика. Податоците ги подложи на сериозна проверка. Уапсените ги подложиле на најсурови измачувања. ● се ~ Се стави на проверка; сп. подложи 2. Сакаше да се подложи на испит. ‖ (се) подлага, (се) подлагаат / (се) подложува, (се) подложуваат несв. ‖ глаг. им. подлагање / подложување ср.