подлути

Глагол, свршен

Значење на подлути:

За рана ‒ влоши состојба, раздразни рана, болно место. Таа маст само ја подлути раната.

Коњугација: подлутат.

Изведени зборови:

  • подлутување, глаг. им. ср.
  • се ~ подлути, 1. За рана ‒ се влоши, се раздразни. Раната му се подлути од таа маст. 2. Се налути малку, во некоја мера. Тој се подлути кога разбра за ќерка си, ама брзо му помина кога размисли подобро.
  • (се) подлутува, глаг. несв. (се) подлутуваат ‒ повт.

Оригинални податоци:

подлути, подлутат св. За рана ‒ влоши состојба, раздразни рана, болно место. Таа маст само ја подлути раната. ● се ~ 1. За рана ‒ се влоши, се раздразни. Раната му се подлути од таа маст. 2. Се налути малку, во некоја мера. Тој се подлути кога разбра за ќерка си, ама брзо му помина кога размисли подобро. ‖ (се) подлутува, (се) подлутуваат несв. ‒ повт. ‖ глаг. им. подлутување ср.