подметне

Глагол, свршен

Значење на подметне:

1. Стави, кладе нешто под нешто. Болничарката подметна перница под главата на пациентот.

2. Предизвика дејство, најчесто со негативни последици. Подметнале бомба во седиштето на организацијата. Некој подметнал пожар во зградата.

3. (прен.) Намести некому нешто со цел да биде обвинет; наклевети. Тие му подметнале на благајникот дека крадел пари од касата на претпријатието. Комшиите ѝ ја подметнале украдената кошула на старицата и полицијата ја уапси.

Коњугација: (ќе) подметнеа , (ќе) подметнев , (ќе) подметнел, подметнаа , подметнав , подметнал , подметнат , подметнат , подметнете , подметни .

Изведени зборови:

  • подметнува, глаг. несв. подметнуваат
  • подметнување, глаг. им. ср. подметнување, PLUR_подметнувања Тој се служи со разни подметнувања за да дојде до целта.

Оригинални податоци:

подметне, подметнат; подметни, подметнете; подметнав, подметнаа; подметнал; подметнат; (ќе) подметнев, (ќе) подметнеа; (ќе) подметнел св. 1. Стави, кладе нешто под нешто. Болничарката подметна перница под главата на пациентот. 2. Предизвика дејство, најчесто со негативни последици. Подметнале бомба во седиштето на организацијата. Некој подметнал пожар во зградата. 3. (прен.) Намести некому нешто со цел да биде обвинет; наклевети. Тие му подметнале на благајникот дека крадел пари од касата на претпријатието. Комшиите ѝ ја подметнале украдената кошула на старицата и полицијата ја уапси. ‖ подметнува, подметнуваат несв. ‖ глаг. им. подметнување, мн. подметнувања ср. Тој се служи со разни подметнувања за да дојде до целта.