подмлади
Значење на подмлади:
1. Направи некој или нешто да добие помлад изглед. Фризерката ме подмлади со новата фризура.
2. Обнови со нови, млади сили. Директорот ја подмлади работната организација со десетина млади работници. Тренерот ја подмлади екипата со двајца нови играчи.
Коњугација: подмладат.
Изведени зборови:
- подмладување, глаг. им. ср.
- се ~ подмлади, Добие помлад, посвеж изглед. Со новата фризура таа се подмлади за десет години.
- (се) подмладува, глаг. несв. (се) подмладуваат
Оригинални податоци:
подмлади, подмладат св. 1. Направи некој или нешто да добие помлад изглед. Фризерката ме подмлади со новата фризура. 2. Обнови со нови, млади сили. Директорот ја подмлади работната организација со десетина млади работници. Тренерот ја подмлади екипата со двајца нови играчи. ● се ~ Добие помлад, посвеж изглед. Со новата фризура таа се подмлади за десет години. ‖ (се) подмладува, (се) подмладуваат несв. ‖ глаг. им. подмладување ср.