подмладок

Именка, машки род

Значење на подмладок:

1. Младо, ново поколение. На турнирот настапи подмладокот на екипата. Научен подмладок.

2. Во сточарството ‒ млади животни. Подмладок кај живината се добива од оплодено јајце. Подмладокот кај кравите се чува одвоено од другите животни.

Множина: подмладоци.

Оригинални податоци:

подмладок, мн. подмладоци м. 1. Младо, ново поколение. На турнирот настапи подмладокот на екипата. Научен подмладок. 2. Во сточарството ‒ млади животни. Подмладок кај живината се добива од оплодено јајце. Подмладокот кај кравите се чува одвоено од другите животни.