подмрдне

Глагол, свршен

Значење на подмрдне:

1. помрдне.

2. Мрдне малку, сосема малку. Тој подмрдна малку од редот никој да не го види. Мајсторот ја подмрдна малку полицата, колку да влезе во жлебот.

3. (прен., разг.) Измами, излаже по малку. Ти како да подмрдна малку од договореното.

Коњугација: (ќе) подмрднеа , (ќе) подмрднев , (ќе) подмрднел, подмрднаа , подмрднав , подмрднал , подмрднат , подмрднат , подмрднете , подмрдни .

Изведени зборови:

  • подмрднување, глаг. им. ср.
  • се ~ подмрдне, 1. сп. се помрдне. 2. Се мрдне, се помести малку, сосема малку. Тој се подмрдна да ѝ направи место на жената да седне.
  • (се) подмрднува, глаг. несв. (се) подмрднуваат ‒ повт.

Оригинални податоци:

подмрдне, подмрднат; подмрдни, подмрднете; подмрднав, подмрднаа; подмрднал; подмрднат; (ќе) подмрднев, (ќе) подмрднеа; (ќе) подмрднел св. 1. сп. помрдне. 2. Мрдне малку, сосема малку. Тој подмрдна малку од редот никој да не го види. Мајсторот ја подмрдна малку полицата, колку да влезе во жлебот. 3. (прен., разг.) Измами, излаже по малку. Ти како да подмрдна малку од договореното. ● се ~ 1. сп. се помрдне. 2. Се мрдне, се помести малку, сосема малку. Тој се подмрдна да ѝ направи место на жената да седне. ‖ (се) подмрднува, (се) подмрднуваат несв. ‒ повт. ‖ глаг. им. подмрднување ср.