подмрзне
Значење на подмрзне:
1. Смрзне, замрзне малку, во некоја мера или само на површината. Како што е влажно, ако подмрзне тешко ќе се оди по патот. Спрострените алишта подмрзнале на ветрот. Снегот подмрзнал.
2. безл. Ноќеска подмрзнало.
Коњугација: (ќе) подмрзнеа , (ќе) подмрзнев , (ќе) подмрзнел, подмрзнаа , подмрзнав , подмрзнал , подмрзнат , подмрзнат , подмрзнете , подмрзни .
Изведени зборови:
- подмрзнува, глаг. несв. подмрзнуваат ‒ повт.
- подмрзнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
подмрзне, подмрзнат; подмрзни, подмрзнете; подмрзнав, подмрзнаа; подмрзнал; подмрзнат; (ќе) подмрзнев, (ќе) подмрзнеа; (ќе) подмрзнел св. 1. Смрзне, замрзне малку, во некоја мера или само на површината. Како што е влажно, ако подмрзне тешко ќе се оди по патот. Спрострените алишта подмрзнале на ветрот. Снегот подмрзнал. 2. безл. Ноќеска подмрзнало. ‖ подмрзнува, подмрзнуваат несв. ‒ повт. ‖ глаг. им. подмрзнување ср.