поднабере
Значење на поднабере:
1. Набере мало количество овошје, плодови, цвеќе и сл.; бере, набере. Поднабравме малку сливи, колку да се залажат децата.
2. Направи набори, фалти и сл. малку, или уште малку. Ракавот ќе го поднабереш уште малку.
Коњугација: (ќе) поднабереа , (ќе) поднаберел, поднаберат , поднаберете , поднабери , поднабраа , поднабрав , поднабрал , поднабран .
Изведени зборови:
- се ~ поднабере, Се набере малку, донекаде; се собере малку на едно место. Се поднабравме едвај два-тројца.
- (се) поднабира, глаг. несв. (се) поднабираат -- (се) поднаберува, (се) поднаберуваат ‒ повт.
Оригинални податоци:
поднабере, поднаберат; поднабери, поднаберете; поднабрав, поднабраа; поднабрал; поднабран; (ќе) поднабереа; (ќе) поднаберел св. 1. Набере мало количество овошје, плодови, цвеќе и сл.; сп. бере, набере. Поднабравме малку сливи, колку да се залажат децата. 2. Направи набори, фалти и сл. малку, или уште малку. Ракавот ќе го поднабереш уште малку. ● се ~ Се набере малку, донекаде; се собере малку на едно место. Се поднабравме едвај два-тројца. ‖ (се) поднабира, (се) поднабираат / (се) поднаберува, (се) поднаберуваат несв. ‒ повт.