поднаближи

Глагол, свршен

Значење на поднаближи:

1. Намали растојание донекаде, се приближи малку. Поднаближивме до градот кога почна да врне.

2. Се намали времето до некој настан, донекаде. Се поднаближи свадбата.

Коњугација: поднаближат.

Изведени зборови:

  • (се) поднаближува, глаг. несв. (се) поднаближуваат

Оригинални податоци:

поднаближи, поднаближат св. 1. Намали растојание донекаде, се приближи малку. Поднаближивме до градот кога почна да врне. 2. Се намали времето до некој настан, донекаде. Се поднаближи свадбата. ‖ (се) поднаближува, (се) поднаближуваат несв.