поднаѕре
Значење на поднаѕре:
1. Наѕре, ѕирне малку, донекаде. Поднаѕрев од зад завесата да видам што се случува надвор.
2. Види, посети на кратко. Го поднаѕрел стариот кога бил в село.
Коњугација: поднаѕрат , поднаѕреа , поднаѕрев , поднаѕрел , поднаѕрен, поднаѕрете , поднаѕри .
Изведени зборови:
- поднаѕира, глаг. несв. поднаѕираат 1. сп. поднаѕре. 2. (прен.) Наѕира, насетува. Во нив тој поднаѕираше конкуренти.
Оригинални податоци:
поднаѕре, поднаѕрат; поднаѕри, поднаѕрете; поднаѕрев; поднаѕреа; поднаѕрел; поднаѕрен св. 1. Наѕре, ѕирне малку, донекаде. Поднаѕрев од зад завесата да видам што се случува надвор. 2. Види, посети на кратко. Го поднаѕрел стариот кога бил в село. ‖ поднаѕира, поднаѕираат несв. 1. сп. поднаѕре. 2. (прен.) Наѕира, насетува. Во нив тој поднаѕираше конкуренти.