поднакриви
Значење на поднакриви:
1. Накриви, постави нешто накриво. Ја поднакривил капата и подоко гледа во момите.
2. Накриви, искриви малку, донекаде. На неговите зборови таа само ја поднакриви устата и излезе од собата.
Коњугација: поднакриват.
Изведени зборови:
- се ~ поднакриви, Се накриви, се навали малку, донекаде. Товарот се поднакривил, да не падне.
- (се) поднакривува, глаг. несв. (се) поднакривуваат
Оригинални податоци:
поднакриви, поднакриват св. 1. Накриви, постави нешто накриво. Ја поднакривил капата и подоко гледа во момите. 2. Накриви, искриви малку, донекаде. На неговите зборови таа само ја поднакриви устата и излезе од собата. ● се ~ Се накриви, се навали малку, донекаде. Товарот се поднакривил, да не падне. ‖ (се) поднакривува, (се) поднакривуваат несв.