поднавикне
Значење на поднавикне:
1. Навикне некого на нешто малку, донекаде. Во домот го поднавикнале на ред и дисциплина.
2. Навикне на нешто малку, донекаде. Тој во туѓина едвај поднавикнал на новата средина.
Коњугација: (ќе) поднавикнеа , (ќе) поднавикнев , (ќе) поднавикнел, поднавикнаа , поднавикнав , поднавикнал , поднавикнат , поднавикнат , поднавикнете , поднавикни .
Изведени зборови:
- се ~ поднавикне, Се навикне на нешто, малку, донекаде. Се поднавикнавме некако на теснотијата во малото станче.
- (се) поднавикнува, глаг. несв. (се) поднавикнуваат
Оригинални податоци:
поднавикне, поднавикнат; поднавикни, поднавикнете; поднавикнав, поднавикнаа; поднавикнал; поднавикнат; (ќе) поднавикнев, (ќе) поднавикнеа; (ќе) поднавикнел св. 1. Навикне некого на нешто малку, донекаде. Во домот го поднавикнале на ред и дисциплина. 2. Навикне на нешто малку, донекаде. Тој во туѓина едвај поднавикнал на новата средина. ● се ~ Се навикне на нешто, малку, донекаде. Се поднавикнавме некако на теснотијата во малото станче. ‖ (се) поднавикнува, (се) поднавикнуваат несв.