поднебје

Именка, среден род

Книжевен збор.

Само во еднина.

Значење на поднебје:

1. Простор под небото, небеска височина. Поднебјето над градот беше сиво.

2. а) Крај, земја. Собираше керамика од разни поднебја на светот. б) Клима на одреден регион, област. Родно поднебје. Медитеранско поднебје.

Оригинални податоци:

поднебје (само едн.) ср. (книж.) 1. Простор под небото, небеска височина. Поднебјето над градот беше сиво. 2. а) Крај, земја. Собираше керамика од разни поднебја на светот. б) Клима на одреден регион, област. Родно поднебје. Медитеранско поднебје.