поднесе
Значење на поднесе:
1. Предаде поднесок, писмено обраќање (молба, жалба, пријава и сл.) до надлежен орган заради решавање на некое барање. Тој поднесе молба за користење годишен одмор. Директорот поднесе оставка.
2. Јавно изнесе, изложи, прочита нешто (соопштение, реферат, извештај, предлог, план итн.) заради оцена, мислење, дискусија и сл. Уводно излагање поднесе претседателот на Одборот. Извештај за работата на клубот во изминативе две години поднесе досегашниот претседател.
3. Претрпи тешкотии, страдања, болки, неправди, штета и сл. Тој го поднел ударот со насмевка. Кутрите несреќници, трпеле и поднесувале сè. Тој не можел да го поднесе срамот.
4. Издржи. Пациентот добро ја поднесе операцијата на жолчката. Тој згреши и ќе ја поднесе заслужената казна. Старата тешко ја поднесе силната горештина.
5. Се помири, прими трпеливо. Тој добро ја поднесе болничката храна. Оваа година пченицата поднесе многу ниски температури. Тој не можеше да ја поднесе новата колешка.
Коњугација: (ќе) поднесеа , (ќе) поднесев , (ќе) поднесел, поднесат , поднесете , поднеси , поднесоа , поднесов , поднесол .
Изведени зборови:
- поднесување, глаг. им. ср.
- се ~ поднесе, Се трпи, издржува. а) Заемно, еден со друг. Тие двајца не можат да се поднесат. б) Самиот себе. Не можам да се поднесам ваков валкан.
- (се) поднесува, глаг. несв. (се) поднесуваат
Оригинални податоци:
поднесе, поднесат; поднеси, поднесете; поднесов, поднесоа; поднесол; (ќе) поднесев, (ќе) поднесеа; (ќе) поднесел св. 1. Предаде поднесок, писмено обраќање (молба, жалба, пријава и сл.) до надлежен орган заради решавање на некое барање. Тој поднесе молба за користење годишен одмор. Директорот поднесе оставка. 2. Јавно изнесе, изложи, прочита нешто (соопштение, реферат, извештај, предлог, план итн.) заради оцена, мислење, дискусија и сл. Уводно излагање поднесе претседателот на Одборот. Извештај за работата на клубот во изминативе две години поднесе досегашниот претседател. 3. Претрпи тешкотии, страдања, болки, неправди, штета и сл. Тој го поднел ударот со насмевка. Кутрите несреќници, трпеле и поднесувале сè. Тој не можел да го поднесе срамот. 3. Издржи. Пациентот добро ја поднесе операцијата на жолчката. Тој згреши и ќе ја поднесе заслужената казна. Старата тешко ја поднесе силната горештина. 4. Се помири, прими трпеливо. Тој добро ја поднесе болничката храна. Оваа година пченицата поднесе многу ниски температури. Тој не можеше да ја поднесе новата колешка. ● се ~ Се трпи, издржува. а) Заемно, еден со друг. Тие двајца не можат да се поднесат. б) Самиот себе. Не можам да се поднесам ваков валкан. ‖ (се) поднесува, (се) поднесуваат несв. ‖ глаг. им. поднесување ср.