поднови

Глагол, свршен

Значење на поднови:

1. Обнови облека, мебел и сл. За Велигден ги подновивме децата со нова облека. Таа го поднови станот оваа есен со нови завеси.

2. Крсти дете со име на постар член од семејството. На старата ѝ го подновиле името. Внукот му го поднови името на стариот, кога му се роди син го крсти на дедо си.

Коњугација: подноват.

Изведени зборови:

  • подновување, глаг. им. ср.
  • се ~ поднови, Се облече во нешто ново, купи нешто ново. Тој се поднови со нови чевли. Таа се подновува секоја сезона.
  • (се) подновува, глаг. несв. (се) подновуваат ‒ повт.

Оригинални податоци:

поднови, подноват св. 1. Обнови облека, мебел и сл. За Велигден ги подновивме децата со нова облека. Таа го поднови станот оваа есен со нови завеси. 2. Крсти дете со име на постар член од семејството. На старата ѝ го подновиле името. Внукот му го поднови името на стариот, кога му се роди син го крсти на дедо си. ● се ~ Се облече во нешто ново, купи нешто ново. Тој се поднови со нови чевли. Таа се подновува секоја сезона. ‖ (се) подновува, (се) подновуваат несв. ‒ повт. ‖ глаг. им. подновување ср.