подоближи
Значење на подоближи:
Доближи нешто малку или уште малку. Подоближи го столчето малку поблиску до огнот.Коњугација: подоближат.
Изведени зборови:
- се ~ подоближи, 1. Се доближи малку или уште малку до некого или до нешто. Се подоближи до старецот и му викна на уво за овој подобро да го чуе. 2. Заемно се доближи еден до друг малку, на некое растојание. Борачите се подоближија еден до друг, стоеја така одмерувајќи си ги силите.
- (се) подоближува, глаг. несв. (се) подоближуваат ‒ повт.
Оригинални податоци:
подоближи, подоближат св. Доближи нешто малку или уште малку. Подоближи го столчето малку поблиску до огнот. ● се ~ 1. Се доближи малку или уште малку до некого или до нешто. Се подоближи до старецот и му викна на уво за овој подобро да го чуе. 2. Заемно се доближи еден до друг малку, на некое растојание. Борачите се подоближија еден до друг, стоеја така одмерувајќи си ги силите. ‖ (се) подоближува, (се) подоближуваат несв. ‒ повт.