подобри

Глагол, свршен

Значење на подобри:

Прави да стане нешто подобро; Новиот снег ќе ја подобри влажноста на почвата. Инспекциските служби значително ја подобрија контролата на производите.

Коњугација: подобрат.

Изведени зборови:

  • подобрување, глаг. им. ср.
  • се ~ подобри, Стане подобар. Кадровската структура во претпријатието значително се подобри со новиот директор. Наредните денови времето се подобри.
  • (се) подобрува, глаг. несв. (се) подобруваат

Оригинални податоци:

подобри, подобрат св. Прави да стане нешто подобро; спрот. влоши. Новиот снег ќе ја подобри влажноста на почвата. Инспекциските служби значително ја подобрија контролата на производите. ● се ~ Стане подобар. Кадровската структура во претпријатието значително се подобри со новиот директор. Наредните денови времето се подобри. ‖ (се) подобрува, (се) подобруваат несв. ‖ глаг. им. подобрување ср.