пододмори
Значење на пододмори:
Одмори малку, во некоја мера. Аргатите пододморија малку во сенката и пак продолжија да копат.Коњугација: пододморат.
Изведени зборови:
- се ~ пододмори, Се одмори малку. Планинарите се пододморија пред да тргнат во освојување на планинскиот врв.
- (се) пододморува, глаг. несв. (се) пододморуваат ‒ повт.
Оригинални податоци:
пододмори, пододморат св. Одмори малку, во некоја мера. Аргатите пододморија малку во сенката и пак продолжија да копат. ● се ~ Се одмори малку. Планинарите се пододморија пред да тргнат во освојување на планинскиот врв. ‖ (се) пододморува, (се) пододморуваат несв. ‒ повт.