подотвори

Глагол, свршен

Значење на подотвори:

1. Отвори малку, донекаде нешто што било затворено, предмет или дел од телото (очи, уста); отвори Ја подотвори вратата да види кој тропа. Го подотвори ковчегот од љубопитност. Ги подотвори закрвавените очи, малку колку да види кое време е.

2. Направи мал отвор во нешто, само донекаде. Подотворија еден дел од ѕидот, колку да го постават надвратникот.

3. Ослободи нешто затворено, заглавено, овозможи да функционира. Таа го подотвори фитилот на ламбата. Подотвори ја чешмата да тече вода врз лубеницата, да се лади.

4. (прен.) Направи нешто да биде отворено, слободно за други луѓе, за друго влијание, за други можности. Нашата држава подотвора нови можности за странските инвеститори. Нашиот народ подотвора можности за контакти со светот без предрасуди.

Коњугација: подотворат.

Изведени зборови:

  • (се) подотвора, глаг. несв. (се) подотвораат ‒ повт.
  • се ~ подотвори, 1. Се отвори малку, нецелосно, донекаде. Вратата се подотвори од провевот. 2. (прен.) Се ослободи пред некого или за нешто. Жената полека се подотвори пред лекарот, си ги кажа маките. Нашата земја почна да се подотвора кон светот. Границите се подотворија по толку години изолираност.

Оригинални податоци:

подотвори, подотворат св. 1. Отвори малку, донекаде нешто што било затворено, предмет или дел од телото (очи, уста); сп. отвори 1. Ја подотвори вратата да види кој тропа. Го подотвори ковчегот од љубопитност. Ги подотвори закрвавените очи, малку колку да види кое време е. 2. Направи мал отвор во нешто, само донекаде. Подотворија еден дел од ѕидот, колку да го постават надвратникот. 3. Ослободи нешто затворено, заглавено, овозможи да функционира. Таа го подотвори фитилот на ламбата. Подотвори ја чешмата да тече вода врз лубеницата, да се лади. 4. (прен.) Направи нешто да биде отворено, слободно за други луѓе, за друго влијание, за други можности. Нашата држава подотвора нови можности за странските инвеститори. Нашиот народ подотвора можности за контакти со светот без предрасуди. ● се ~ 1. Се отвори малку, нецелосно, донекаде. Вратата се подотвори од провевот. 2. (прен.) Се ослободи пред некого или за нешто. Жената полека се подотвори пред лекарот, си ги кажа маките. Нашата земја почна да се подотвора кон светот. Границите се подотворија по толку години изолираност. ‖ (се) подотвора, (се) подотвораат несв. ‒ повт.