подрачје
Значење на подрачје:
1. Географска определба, област, регион, територија. Со пожар е зафатено целото подрачје. Градежните работи ќе се изведуваат на подрачјето на нашата општина.
2. (прен.) Опсег на некаква дејност, сфера, домен, поле. Тоа подрачје од науката не е опфатено со последните истражувања. Тематски подрачја.
Множина: подрачја.
Оригинални податоци:
подрачје, мн. подрачја ср. 1. Географска определба, област, регион, територија. Со пожар е зафатено целото подрачје. Градежните работи ќе се изведуваат на подрачјето на нашата општина. 2. (прен.) Опсег на некаква дејност, сфера, домен, поле. Тоа подрачје од науката не е опфатено со последните истражувања. Тематски подрачја.