подразбере

Глагол, свршен

Значење на подразбере:

1. Разбере, дознае нешто малку, во некоја мера, само донекаде. Прошета по чаршијата и подразбра дека нешто сериозно се случува. Гледај да подразбереш кога ќе нападнат.

2. Разбере, сфати од нешто по малку, донекаде. Подразбра ли што кажа овој?

Коњугација: (ќе) подразбереа , (ќе) подразберев , (ќе) подразберел , подразберат , подразберете , подразбери , подразбраа , подразбрав , подразбрал , подразбран.

Изведени зборови:

  • се ~ подразбере, Заемно се разбере со некого. Тие како да се подразбраа со поглед.

Оригинални податоци:

подразбере, подразберат; подразбери, подразберете; подразбрав, подразбраа; подразбрал; (ќе) подразберев, (ќе) подразбереа; (ќе) подразберел; подразбран св. 1. Разбере, дознае нешто малку, во некоја мера, само донекаде. Прошета по чаршијата и подразбра дека нешто сериозно се случува. Гледај да подразбереш кога ќе нападнат. 2. Разбере, сфати од нешто по малку, донекаде. Подразбра ли што кажа овој? ● се ~ Заемно се разбере со некого. Тие како да се подразбраа со поглед.