подразбира

Глагол, несвршен

Значење на подразбира:

1. подразбере_1_2

2. Знае (од) нешто по малку, во некоја мера. Подразбира германски, ама не зборува.

3. Разбира, сфаќа, толкува нешто (поим, гест итн.) на определен начин. Под држава подразбираме политичко-правна, меѓународно призната, суверена општествена заедница. Недоаѓањето на главните артисти подразбира откажување на приредбата. Тоа подразбира дополнителна работа на целата заедница.

Коњугација: подразбираат.

Изведени зборови:

  • се ~ подразбира, 1. сп. подразбере се. 2. (во 3 л.) Јасно е само по себе, видливо и разбирливо за сите. Се подразбира дека настаните ќе се одвиваат во тој правец. Се подразбира дека ќе дојдеме, тоа не е спорно.

Оригинални податоци:

подразбира, подразбираат несв. 1. сп. подразбере 1 и 2. 2. Знае (од) нешто по малку, во некоја мера. Подразбира германски, ама не зборува. 3. Разбира, сфаќа, толкува нешто (поим, гест итн.) на определен начин. Под држава подразбираме политичко-правна, меѓународно призната, суверена општествена заедница. Недоаѓањето на главните артисти подразбира откажување на приредбата. Тоа подразбира дополнителна работа на целата заедница. ● се ~ 1. сп. подразбере се. 2. (во 3 л.) Јасно е само по себе, видливо и разбирливо за сите. Се подразбира дека настаните ќе се одвиваат во тој правец. Се подразбира дека ќе дојдеме, тоа не е спорно.