подражава
Значење на подражава:
Прави нешто како што го прави тоа некој друг, имитира некого или нешто. Девојчето ја подражава вујна си во начинот на одењето. Тој се обидуваше да ги подражава птиците потсвиркувајќи им со уста.Коњугација: подражаваат.
Изведени зборови:
- подражавање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
подражава, подражаваат несв. Прави нешто како што го прави тоа некој друг, имитира некого или нешто. Девојчето ја подражава вујна си во начинот на одењето. Тој се обидуваше да ги подражава птиците потсвиркувајќи им со уста. ‖ глаг. им. подражавање ср.