подрие

Глагол, свршен

Значење на подрие:

1. Поткопа. Надојдената вода го подрила темелот на куќата. Реката го подрила брегот.

2. (прен.) Поткопа, нанесе штета, направи да ослаби нешто (организација, власт, уредување итн.). Со своето дејствување тие ја подриле организацијата на младите.

Коњугација: (ќе) подриев , (ќе) подриеја , (ќе) подриел , подрив , подриен, подриј , подрија , подријат , подријте , подрил .

Изведени зборови:

  • подрива, глаг. несв. подриваат
  • подривање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

подрие, подријат; подриј, подријте; подрив, подрија; подрил; (ќе) подриев, (ќе) подриеја; (ќе) подриел; подриен св. 1. Поткопа. Надојдената вода го подрила темелот на куќата. Реката го подрила брегот. 2. (прен.) Поткопа, нанесе штета, направи да ослаби нешто (организација, власт, уредување итн.). Со своето дејствување тие ја подриле организацијата на младите. ‖ подрива, подриваат несв. ‖ глаг. им. подривање ср.