подржи
Значење на подржи:
1. а) Држи малку, кратко време. Бабата го подржа детето додека мајка му да му спреми јадење. б) Задржи во одредана позиција. Му ја подржа раката во својата. Ја подржа раката на челото на детето и рече дека мисли дека нема температура. в) Задржи некого во одредена положба. Ја подржа така застаната на вратата. Стариот го подржаа во болница.
2. Истрае, држи некое време. Да подржи времето уште една недела, да завршиме со жетвата.
Коњугација: подржат.
Изведени зборови:
- подржување, глаг. им. ср.
- се ~ подржи, Се држи заемно еден со друг. Се подржаа за рака една до две минути и засрамено се пуштија.
- (се) подржува, глаг. несв. (се) подржуваат ‒ повт.
Оригинални податоци:
подржи, подржат св. 1. а) Држи малку, кратко време. Бабата го подржа детето додека мајка му да му спреми јадење. б) Задржи во одредана позиција. Му ја подржа раката во својата. Ја подржа раката на челото на детето и рече дека мисли дека нема температура. в) Задржи некого во одредена положба. Ја подржа така застаната на вратата. Стариот го подржаа во болница. 2. Истрае, држи некое време. Да подржи времето уште една недела, да завршиме со жетвата. ● се ~ Се држи заемно еден со друг. Се подржаа за рака една до две минути и засрамено се пуштија. ‖ (се) подржува, (се) подржуваат несв. ‒ повт. ‖ глаг. им. подржување ср.