подучи
Значење на подучи:
1. Обучи некого нешто малку, во некоја мера. Тој го подучи брата си како да постапи во таа ситуација. Мајката ја подучи ќерка си што да прави кога ќе дојде во куќата на момчето.
2. Учи малку, кратко време. Подучи некое време и се откажа. Подучи неколку дена и се јави на испит.
Коњугација: подучат.
Изведени зборови:
- подучување, глаг. им. ср.
- се ~ подучи, Се научи малку, донекаде. Се подучи да шие и да плете на машина.
- (се) подучува, глаг. несв. (се) подучуваат
Оригинални податоци:
подучи, подучат св. 1. Обучи некого нешто малку, во некоја мера. Тој го подучи брата си како да постапи во таа ситуација. Мајката ја подучи ќерка си што да прави кога ќе дојде во куќата на момчето. 2. Учи малку, кратко време. Подучи некое време и се откажа. Подучи неколку дена и се јави на испит. ● се ~ Се научи малку, донекаде. Се подучи да шие и да плете на машина. ‖ (се) подучува, (се) подучуваат несв. ‖ глаг. им. подучување ср.