подуе
Значење на подуе:
1. Рашири обем на нешто со дуење, дување, со внесување премногу воздух или гас. Детето зеде воздух, ги поду образите и силно го испушти воздухот. Ветрот ја поду завесата низ отворениот прозорец.
2. (прен.) Прејаде, препие некого. Домаќинката ги подула децата со попара. Крчмарката ги поду гостите со богато мезе и ракија.
Коњугација: (ќе) подуев , (ќе) подуеја , (ќе) подуел , подув , подуен, подуј , подуја , подујат , подујте , подул .
Изведени зборови:
- подување, глаг. им. ср.
- (се) подува, глаг. несв. (се) подуваат ‒ повт.
- се ~ подуе, 1. Го зголеми својот обем. Планинарот целиот се подул од каснувањето на змијата. Тој се засмеа дури образите му се подуја. Расипаната конзерва се подула. 2. (прен.) Се прејаде, се препие. Тој се поду од јадење. Тој се поду од пивото што го испи во големи количини.
Оригинални податоци:
подуе, подујат; подуј, подујте; подув, подуја; подул; (ќе) подуев, (ќе) подуеја; (ќе) подуел; подуен св. 1. Рашири обем на нешто со дуење, дување, со внесување премногу воздух или гас. Детето зеде воздух, ги поду образите и силно го испушти воздухот. Ветрот ја поду завесата низ отворениот прозорец. 2. (прен.) Прејаде, препие некого. Домаќинката ги подула децата со попара. Крчмарката ги поду гостите со богато мезе и ракија. ● се ~ 1. Го зголеми својот обем. Планинарот целиот се подул од каснувањето на змијата. Тој се засмеа дури образите му се подуја. Расипаната конзерва се подула. 2. (прен.) Се прејаде, се препие. Тој се поду од јадење. Тој се поду од пивото што го испи во големи количини. ‖ (се) подува, (се) подуваат несв. ‒ повт. ‖ глаг. им. подување ср.