подувне
Значење на подувне:
1. Дувне малку, во некоја мера. Подувни малку на млекото побрзо да остине.
2. За ветер ‒ почне да дува по малку, во некоја мера. Подувна ветрот од кај езерото.
Коњугација: (ќе) подувнеа , (ќе) подувнев , (ќе) подувнел , подувнаа , подувнав , подувнал , подувнат, подувнат , подувнете , подувни .
Изведени зборови:
- подувнува, глаг. несв. подувнуваат ‒ повт.
Оригинални податоци:
подувне, подувнат; подувни, подувнете; подувнав, подувнаа; подувнал; (ќе) подувнев, (ќе) подувнеа; (ќе) подувнел; подувнат св. 1. Дувне малку, во некоја мера. Подувни малку на млекото побрзо да остине. 2. За ветер ‒ почне да дува по малку, во некоја мера. Подувна ветрот од кај езерото. ‖ подувнува, подувнуваат несв. ‒ повт.