подвене

Глагол, свршен

Значење на подвене:

1. Свене малку, донекаде, не целосно. Му подвенале лисјата на цвеќево.

2. (прен.) Изгуби свежина, убавина. Лицето ѝ подвенало, да не е болна?

Коњугација: (ќе) подвенеа , (ќе) подвенев , (ќе) подвенел, подвенаа , подвенав , подвенал , подвенат , подвенете , подвени .

Изведени зборови:

  • подвенува, глаг. несв. подвенуваат
  • подвенување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

подвене, подвенат; подвени, подвенете; подвенав, подвенаа; подвенал; (ќе) подвенев, (ќе) подвенеа; (ќе) подвенел св. 1. Свене малку, донекаде, не целосно. Му подвенале лисјата на цвеќево. 2. (прен.) Изгуби свежина, убавина. Лицето ѝ подвенало, да не е болна? ‖ подвенува, подвенуваат несв. ‖ глаг. им. подвенување ср.