подвие
Значење на подвие:
1. Свие на некој начин. Девојчето ја подви страницата на книгата до каде што стаса при читањето.
2. Пораби облека или дел од облека. Шивачката го подви фустанот на означеното место. Мајката му ги подви ногавичките на детето и го пушти да шлапка по водата.
3. Свитка дел од телото, обично нозе, под себе. Ги подви нозете под себе и така седна да ниже тутун.
Коњугација: (ќе) подвиев , (ќе) подвиеја , (ќе) подвиел , подвив , подвиен, подвиј , подвија , подвијат , подвијте , подвил .
Изведени зборови:
- се ~ подвие, 1. Се свие на некој начин. Листот се подвил, та дури се стуткал. Ливчињата на цветот што децата го подготвуваа за во хербариум се подвиле. 2. Се свитка поради нешто, обично од тежина или под некаков товар. Стариот се подвил, очите му гледат надолу и неодредено настрана. Жената се подвила под тежината на вреќата со брашно.
Оригинални податоци:
подвие, подвијат; подвиј, подвијте; подвив, подвија; подвил; (ќе) подвиев, (ќе) подвиеја; (ќе) подвиел; подвиен св. 1. Свие на некој начин. Девојчето ја подви страницата на книгата до каде што стаса при читањето. 2. Пораби облека или дел од облека. Шивачката го подви фустанот на означеното место. Мајката му ги подви ногавичките на детето и го пушти да шлапка по водата. 3. Свитка дел од телото, обично нозе, под себе. Ги подви нозете под себе и така седна да ниже тутун. ● се ~ 1. Се свие на некој начин. Листот се подвил, та дури се стуткал. Ливчињата на цветот што децата го подготвуваа за во хербариум се подвиле. 2. Се свитка поради нешто, обично од тежина или под некаков товар. Стариот се подвил, очите му гледат надолу и неодредено настрана. Жената се подвила под тежината на вреќата со брашно.