подвлече

Глагол, свршен

Значење на подвлече:

1. Стави под нешто со влечење. Таа го подвлече килимот под ногарките на креветот.

2. Стави линија под нешто напишано. Учениците ги подвлекоа сите глаголи во сегашно време во зададениот текст. Учителката ги подвлече со црвен молив грешките што учениците ги направиле во писмената работа.

3. Истакне, нагласи. Говорникот ја подвлече уште еднаш основната поента во своето излагање. Таа подвлече дека не сака ништо да измени во својот живот.

Коњугација: (ќе) подвлечеа , (ќе) подвлечев , (ќе) подвлечел , подвлекле , подвлекоа , подвлеков , подвлекол , подвлечат , подвлечен, подвлечете , подвлечи .

Изведени зборови:

  • подвлечува, глаг. несв. подвлечуваат -- подвлекува, подвлекуваат
  • подвлечување, глаг. им. ср. подвлечување / подвлекување

Оригинални податоци:

подвлече, подвлечат; подвлечи, подвлечете; подвлеков, подвлекоа; подвлекол, подвлекле; (ќе) подвлечев, (ќе) подвлечеа; (ќе) подвлечел; подвлечен св. 1. Стави под нешто со влечење. Таа го подвлече килимот под ногарките на креветот. 2. Стави линија под нешто напишано. Учениците ги подвлекоа сите глаголи во сегашно време во зададениот текст. Учителката ги подвлече со црвен молив грешките што учениците ги направиле во писмената работа. 3. Истакне, нагласи. Говорникот ја подвлече уште еднаш основната поента во своето излагање. Таа подвлече дека не сака ништо да измени во својот живот. ‖ подвлечува, подвлечуваат / подвлекува, подвлекуваат несв. ‖ глаг. им. подвлечување / подвлекување ср.