подводен

Придавка

Значење на подводен:

1. Што се наоѓа под нивото на водата. Подводни карпи. Подводни пештери.

2. Што е за дејство под нивото на водата. Подводна мина. Подводна пушка.

3. Што се врши под вода. Подводното снимање се одвиваше тешко.

4. Што расте, што живее под вода. Подводни треви. Подводен свет.

5. Место што е водоврично. Целиот тој крај е подводен.

Членувана форма: подводниот.

Оригинални податоци:

подводен, подводниот прид. 1. Што се наоѓа под нивото на водата. Подводни карпи. Подводни пештери. 2. Што е за дејство под нивото на водата. Подводна мина. Подводна пушка. 3. Што се врши под вода. Подводното снимање се одвиваше тешко. 4. Што расте, што живее под вода. Подводни треви. Подводен свет. 5. Место што е водоврично. Целиот тој крај е подводен.