подврзе
Значење на подврзе:
1. Врзе, со врвца стегне, затвори нешто (вреќа и сл.) да не се растури, да не може да излезе содржината. Работниците ги подврзаа вреќите и ги наредија крај ѕидот.
2. За папочна врвца ‒ заврзе. Бабицата му го пресече папочето и го подврза.
3. За конец ‒ врзе на крајот. Девојчето го вдена конецот, го подврза и почна да везе.
4. За книга и сл. ‒ направи корици на книга. Трите тома од записите ги подврзавме со кожа.
5. (прен., разг.) Обврзе со нешто, задолжи. Таа го подврзала уште мал, го ветила во богата куќа. Сите ве подврзал, земате пари на заем од него, затоа го браните.
Коњугација: (ќе) подврзеа , (ќе) подврзев , (ќе) подврзел, подврзаа , подврзав , подврзал , подврзан , подврзат , подврзете , подврзи .
Изведени зборови:
- подврзување, глаг. им. ср.
- се ~ подврзе, 1. Се врзе на несоодветно место. Конецот се подврза и се скина. 2. (прен., разг.) Се врзе со договор, со збор. Се подврзал со договор за имотот.
- (се) подврзува, глаг. несв. (се) подврзуваат
Оригинални податоци:
подврзе, подврзат; подврзи, подврзете; подврзав, подврзаа; подврзал; подврзан; (ќе) подврзев, (ќе) подврзеа; (ќе) подврзел св. 1. Врзе, со врвца стегне, затвори нешто (вреќа и сл.) да не се растури, да не може да излезе содржината. Работниците ги подврзаа вреќите и ги наредија крај ѕидот. 2. За папочна врвца ‒ заврзе. Бабицата му го пресече папочето и го подврза. 3. За конец ‒ врзе на крајот. Девојчето го вдена конецот, го подврза и почна да везе. 4. За книга и сл. ‒ направи корици на книга. Трите тома од записите ги подврзавме со кожа. 5. (прен., разг.) Обврзе со нешто, задолжи. Таа го подврзала уште мал, го ветила во богата куќа. Сите ве подврзал, земате пари на заем од него, затоа го браните. ● се ~ 1. Се врзе на несоодветно место. Конецот се подврза и се скина. 2. (прен., разг.) Се врзе со договор, со збор. Се подврзал со договор за имотот. ‖ (се) подврзува, (се) подврзуваат несв. ‖ глаг. им. подврзување ср.