подза-
Значење на подза-:
Сложен префикс со значење ‒ извршеност на дејството на првично префиксираниот глагол (забрза) делумно, донекаде, во мала, во некоја мера: подзабрза, подзаборави, подзаврзе, подзагрози (некого), подзадржи, подзајакне, подзакопа, подзалепи, подзамати, подзапрета, подзасади, се подзатрча, подзачува, подзашие и др.Оригинални податоци:
подза- Сложен префикс (сп. под- и за-) со значење ‒ извршеност на дејството на првично префиксираниот глагол (забрза) делумно, донекаде, во мала, во некоја мера: подзабрза, подзаборави, подзаврзе, подзагрози (некого), подзадржи, подзајакне, подзакопа, подзалепи, подзамати, подзапрета, подзасади, се подзатрча, подзачува, подзашие и др.