подзаборави
Значење на подзаборави:
Заборави малку, донекаде, во некоја мера. Тој подзаборави за момент на проблемите. За кратко подзаборави на болките од претепаната снага.Коњугација: подзаборават.
Изведени зборови:
- (се) подзаборава, глаг. несв. (се) подзабораваат ‒ повт.
- се ~ подзаборави, Се заборави малку, донекаде. Таа се подзаборави и остана подолго кај другарка ѝ во посета.
Оригинални податоци:
подзаборави, подзаборават св. Заборави малку, донекаде, во некоја мера. Тој подзаборави за момент на проблемите. За кратко подзаборави на болките од претепаната снага. ● се ~ Се заборави малку, донекаде. Таа се подзаборави и остана подолго кај другарка ѝ во посета. ‖ (се) подзаборава, (се) подзабораваат несв. ‒ повт.