подзагрее
Значење на подзагрее:
1. Загрее малку, донекаде. Подзагреј ја водата да биде млака.
2. (прен.) Заинтересира некого за нешто, донекаде, во извесна мера. Тој го подзагреа брата си да отворат фарма.
Коњугација: (ќе) подзагреев , (ќе) подзагрееја , (ќе) подзагреел , подзагреав , подзагреаја , подзагреал , подзагреан, подзагреат , подзагреј , подзагрејте .
Изведени зборови:
- подзагревање, глаг. им. ср.
- (се) подзагрева, глаг. несв. (се) подзагреваат
- се ~ подзагрее, 1. Се загрее малку, донекаде. Водата се подзагреа, оди направи го кафето. Собата се подзагреа кога го запаливме ќумбето. 2. (прен.) Се воодушеви од нешто, се заинтересира за нешто малку, донекаде. Идејата ги подзагреала и тие ги започнале подготовките за пат.
Оригинални податоци:
подзагрее, подзагреат; подзагреј, подзагрејте; подзагреав, подзагреаја; подзагреал; (ќе) подзагреев, (ќе) подзагрееја; (ќе) подзагреел; подзагреан св. 1. Загрее малку, донекаде. Подзагреј ја водата да биде млака. 2. (прен.) Заинтересира некого за нешто, донекаде, во извесна мера. Тој го подзагреа брата си да отворат фарма. ● се ~ 1. Се загрее малку, донекаде. Водата се подзагреа, оди направи го кафето. Собата се подзагреа кога го запаливме ќумбето. 2. (прен.) Се воодушеви од нешто, се заинтересира за нешто малку, донекаде. Идејата ги подзагреала и тие ги започнале подготовките за пат. ‖ (се) подзагрева, (се) подзагреваат несв. ‖ глаг. им. подзагревање ср.