подзагрижи

Глагол, свршен

Значење на подзагрижи:

Загрижи некого со нешто, со некоја постапка малку, донекаде. Кога го видов, ме подзагрижи неговиот изглед.

Коњугација: подзагрижат.

Изведени зборови:

  • се ~ подзагрижи, Се загрижи за нешто, поради нешто. Таа се подзагрижи за синот што уште се не беше вратил од училиште.
  • (се) подзагрижува, глаг. несв. (се) подзагрижуваат ‒ повт.

Оригинални податоци:

подзагрижи, подзагрижат св. Загрижи некого со нешто, со некоја постапка малку, донекаде. Кога го видов, ме подзагрижи неговиот изглед. ● се ~ Се загрижи за нешто, поради нешто. Таа се подзагрижи за синот што уште се не беше вратил од училиште. ‖ (се) подзагрижува, (се) подзагрижуваат несв. ‒ повт.