подзајаде се
Значење на подзајаде се:
1. Започне да се кине дел по дел, малку по малку. Тука јажето како да се подзајало.
2. (прен.) Почне да се кара, да се расправа по малку, во некоја мера. На средбата тие се подзајадоа.
Коњугација: (ќе) се подзајадеа , (ќе) се подзајадев , (ќе) се подзајадел , подзајаден, подзајадете се , подзајади се , се подзајадат , се подзајадоа , се подзајадов , се подзајал .
Оригинални податоци:
подзајаде се, се подзајадат; подзајади се, подзајадете се; се подзајадов, се подзајадоа; се подзајал; (ќе) се подзајадев, (ќе) се подзајадеа; (ќе) се подзајадел; подзајаден св. 1. Започне да се кине дел по дел, малку по малку. Тука јажето како да се подзајало. 2. (прен.) Почне да се кара, да се расправа по малку, во некоја мера. На средбата тие се подзајадоа.