подзакачи
Значење на подзакачи:
1. Закачи малку, само донекаде; закачи 3. Капината го подзакачи малку, го гребна по раката.
2. (прен.) Прекори, искара малку некого; закачи 4. Го подзакачија малку за парите што не им ги вратил.
3. (прен.) Опфати малку, донекаде, во ограничена мера. Тоа прашање само го подзакачил.
Коњугација: подзакачат.
Изведени зборови:
- се ~ подзакачи, Се скара, се спречка; сп. се закачи 3. Браќата се подзакачија околу делбата на имотот.
- (се) подзакачува, глаг. несв. (се) подзакачуваат ‒ повт.
Оригинални податоци:
подзакачи, подзакачат св. 1. Закачи малку, само донекаде; сп. закачи 3. Капината го подзакачи малку, го гребна по раката. 2. (прен.) Прекори, искара малку некого; сп. закачи 4. Го подзакачија малку за парите што не им ги вратил. 3. (прен.) Опфати малку, донекаде, во ограничена мера. Тоа прашање само го подзакачил. ● се ~ Се скара, се спречка; сп. се закачи 3. Браќата се подзакачија околу делбата на имотот. ‖ (се) подзакачува, (се) подзакачуваат несв. ‒ повт.