подзакрпи

Глагол, свршен

Значење на подзакрпи:

1. Закрпи малку, во некоја мера нешто скинато, дупнато и сл., донекаде, како било; закрпи 1., 2. и 4. Ги подзакрпија улиците. Ја подзакрпи вреќата надве натри.

2. Закрпи некому облека или дел од облека. Дојде мајка му и го подзакрпи.

Коњугација: подзакрпат.

Изведени зборови:

  • се ~ подзакрпи, Си закрпи себеси облека, дел од облека, малку, донекаде. Се подзакрпив некако деновиве, да не одам со скинати чорапи.
  • (се) подзакрпува, глаг. несв. (се) подзакрпуваат ‒ повт.

Оригинални податоци:

подзакрпи, подзакрпат св. 1. Закрпи малку, во некоја мера нешто скинато, дупнато и сл., донекаде, како било; сп. закрпи 1., 2. и 4. Ги подзакрпија улиците. Ја подзакрпи вреќата надве натри. 2. Закрпи некому облека или дел од облека. Дојде мајка му и го подзакрпи. ● се ~ Си закрпи себеси облека, дел од облека, малку, донекаде. Се подзакрпив некако деновиве, да не одам со скинати чорапи. ‖ (се) подзакрпува, (се) подзакрпуваат несв. ‒ повт.