подзалаже
Значење на подзалаже:
1. Залаже малку, сврти внимание на друга страна. Ја подзалажа потерата на друга страна. Го подзалажаа паричките, та не фати работа како што треба.
2. Забави, занимава (дете) кратко време; залаже 3. б. Подзалажи го детено да не плаче додека да дојдам.
Коњугација: (ќе) подзалажеа , (ќе) подзалажев , (ќе) подзалажел , подзалажаа , подзалажав , подзалажал , подзалажан, подзалажат , подзалажете , подзалажи .
Изведени зборови:
- се ~ подзалаже, Се измами сам себе со нешто или за нешто. Се подзлажав дека ќе се средат работите по мирен пат.
- (се) подзалажува, глаг. несв. (се) подзалажуваат ‒ повт.
Оригинални податоци:
подзалаже, подзалажат; подзалажи, подзалажете; подзалажав, подзалажаа; подзалажал; (ќе) подзалажев, (ќе) подзалажеа; (ќе) подзалажел; подзалажан св. 1. Залаже малку, сврти внимание на друга страна. Ја подзалажа потерата на друга страна. Го подзалажаа паричките, та не фати работа како што треба. 2. Забави, занимава (дете) кратко време; сп. залаже 3. б. Подзалажи го детено да не плаче додека да дојдам. ● се ~ Се измами сам себе со нешто или за нешто. Се подзлажав дека ќе се средат работите по мирен пат. ‖ (се) подзалажува, (се) подзалажуваат несв. ‒ повт.