подзамолчи

Глагол, свршен

Значење на подзамолчи:

1. Замолчи малку, застане малку во кажувањето, во плачењето и сл. Подзамолчи малку, пак продолжи да зборува. Детето ќе подзамолчеше на кратко и пак ќе викнеше да плаче.

2. Замолчи некого да не зборува, да плаче и сл. за кратко време. Едвај го подзамолчивме да не кажува повеќе.

Коњугација: подзамолчат.

Изведени зборови:

  • се ~ подзамолчи, Се замолчи за кратко време. Се подзамолчив на час, се подзамислив малку, па продолжив со раскажувањето.
  • (се) подзамолчува, глаг. несв. (се) подзамолчуваат

Оригинални податоци:

подзамолчи, подзамолчат св. 1. Замолчи малку, застане малку во кажувањето, во плачењето и сл. Подзамолчи малку, пак продолжи да зборува. Детето ќе подзамолчеше на кратко и пак ќе викнеше да плаче. 2. Замолчи некого да не зборува, да плаче и сл. за кратко време. Едвај го подзамолчивме да не кажува повеќе. ● се ~ Се замолчи за кратко време. Се подзамолчив на час, се подзамислив малку, па продолжив со раскажувањето. ‖ (се) подзамолчува, (се) подзамолчуваат несв.