подзапали

Глагол, свршен

Значење на подзапали:

1. Запали малку, донекаде. Подзапали го огинот, ладно е.

2. (прен.) Воодушеви, восхити, загрее за некоја работа или идеја. Го подзапали да одат по риби.

Коњугација: подзапалат.

Изведени зборови:

  • се ~ подзапали, 1. Се запали малку, нецелосно, само донекаде. Стрништето се подзапалило. 2. (прен.) Се воодушеви, се восхити за некоја работа или идеја. Од пламениот говор, масата народ се подзапали. Се подзапаливме за купување викендичка.
  • (се) подзапалува, глаг. несв. (се) подзапалуваат

Оригинални податоци:

подзапали, подзапалат св. 1. Запали малку, донекаде. Подзапали го огинот, ладно е. 2. (прен.) Воодушеви, восхити, загрее за некоја работа или идеја. Го подзапали да одат по риби. ● се ~ 1. Се запали малку, нецелосно, само донекаде. Стрништето се подзапалило. 2. (прен.) Се воодушеви, се восхити за некоја работа или идеја. Од пламениот говор, масата народ се подзапали. Се подзапаливме за купување викендичка. ‖ (се) подзапалува, (се) подзапалуваат несв.