подзапира
Значење на подзапира:
1. Застанува, запира по малку, повремено во од, во движење, во некое дејство. Коњите и магарињата подзапираа под тешкиот товар. Полицаецот подзапира, се заслушува и пак продолжува со обиколката. Возот подзапира на локалната станица, но не застанува ако нема патници.
2. Застанува некого по малку, повремено. Тој ги подзапира минувачите нудејќи им летоци.
Коњугација: подзапираат.
Изведени зборови:
- подзапирање, глаг. им. ср.
- се ~ подзапира, Се запира повремено, донекаде. Кај чешмата девојките се подзапираат да налеат вода.
Оригинални податоци:
подзапира, подзапираат несв. 1. Застанува, запира по малку, повремено во од, во движење, во некое дејство. Коњите и магарињата подзапираа под тешкиот товар. Полицаецот подзапира, се заслушува и пак продолжува со обиколката. Возот подзапира на локалната станица, но не застанува ако нема патници. 2. Застанува некого по малку, повремено. Тој ги подзапира минувачите нудејќи им летоци. ● се ~ Се запира повремено, донекаде. Кај чешмата девојките се подзапираат да налеат вода. ‖ глаг. им. подзапирање ср.