подзапре

Глагол, свршен

Значење на подзапре:

1. Запре движење на некого или на нешто за кратко време за пак да продолжи. Полицаецот ја подзапре колоната возила, колку да помине амбулантната кола. Тој ги подзапре жените што носеа вода за да се напие од нивните бардачиња. Тој ја подзапре водата да не тече напразно.

2. Запре малку, за момент. Тракторот за миг подзапре. Магарињата натоварени со дрва на мостот подзапреа. Момчето подзапре кај пчеларникот да се одмори.

Коњугација: подзапрат , подзапреа , подзапрев , подзапрел , подзапрен, подзапрете , подзапри .

Изведени зборови:

  • подзапирање, глаг. им. ср.
  • (се) подзапира, глаг. несв. (се) подзапираат
  • се ~ подзапре, Се запре за малку, за кратко време. Таа за миг се подзапре пред продавницата за чевли.

Фразеолошки израз / поговорка:

Подзапри си го јазикот ‒ предупредување, немој да зборуваш тоа што не треба.

Оригинални податоци:

подзапре, подзапрат; подзапри, подзапрете; подзапрев, подзапреа; подзапрел; подзапрен св. 1. Запре движење на некого или на нешто за кратко време за пак да продолжи. Полицаецот ја подзапре колоната возила, колку да помине амбулантната кола. Тој ги подзапре жените што носеа вода за да се напие од нивните бардачиња. Тој ја подзапре водата да не тече напразно. 2. Запре малку, за момент. Тракторот за миг подзапре. Магарињата натоварени со дрва на мостот подзапреа. Момчето подзапре кај пчеларникот да се одмори. ● се ~ Се запре за малку, за кратко време. Таа за миг се подзапре пред продавницата за чевли. ◊ Подзапри си го јазикот ‒ предупредување, немој да зборуваш тоа што не треба. ‖ (се) подзапира, (се) подзапираат несв. ‖ глаг. им. подзапирање ср.