подзасолне
Значење на подзасолне:
1. Засолне малку, прикрие, сокрие донекаде. Ги подзасолна пушките под насечените гранки.
2. Заштити малку, донекаде. Ги подзасолна децата од дождот под тремот на куќата. Од силното сонце ги подзасолна очите со дланката.
Коњугација: (ќе) подзасолнеа , (ќе) подзасолнев , (ќе) подзасолнел, подзасолнаа , подзасолнав , подзасолнал , подзасолнат , подзасолнат , подзасолнете , подзасолни .
Изведени зборови:
- се ~ подзасолне, 1. Се засолна, се прикри негде малку, само донекаде. Се подзасолнавме во грмушките крај патот додека да помине потерата. 2. (прен.) Се прикрива зад нешто, зад некого. Тој се подзасолна зад неговите идеи, не истапи сам.
- (се) подзасолнува, глаг. несв. (се) подзасолнуваат ‒ повт.
Оригинални податоци:
подзасолне, подзасолнат; подзасолни, подзасолнете; подзасолнав, подзасолнаа; подзасолнал; подзасолнат; (ќе) подзасолнев, (ќе) подзасолнеа; (ќе) подзасолнел св. 1. Засолне малку, прикрие, сокрие донекаде. Ги подзасолна пушките под насечените гранки. 2. Заштити малку, донекаде. Ги подзасолна децата од дождот под тремот на куќата. Од силното сонце ги подзасолна очите со дланката. ● се ~ 1. Се засолна, се прикри негде малку, само донекаде. Се подзасолнавме во грмушките крај патот додека да помине потерата. 2. (прен.) Се прикрива зад нешто, зад некого. Тој се подзасолна зад неговите идеи, не истапи сам. ‖ (се) подзасолнува, (се) подзасолнуваат несв. ‒ повт.