подзатресе

Глагол, свршен

Значење на подзатресе:

1. Затресе, протресе малку, донекаде. Го подзатресе ќебето набрзина и го остави на сонце да се ветрее.

2. безл. Добие треска, тресе малку, во извесна мера. Ме подзатресе и мене, ама бргу ми помина.

Коњугација: (ќе) подзатресеа , (ќе) подзатресел , (ќе) подзтресев , подзатресат , подзатресен, подзатресете , подзатреси , подзатресоа , подзатресов , подзатресол .

Изведени зборови:

  • се ~ подзатресе, 1. Се затресе малку, донекаде. Гранката се подзатресе од ветрот та паднаа неколку презреани кајсии. 2. (прен.) Поведе грижа за нешто или за некого. И тој најпосле се подзатресе за децата.
  • (се) подзатресува, глаг. несв. (се) подзатресуваат ‒ повт.

Оригинални податоци:

подзатресе, подзатресат; подзатреси, подзатресете; подзатресов, подзатресоа; подзатресол; (ќе) подзтресев, (ќе) подзатресеа; (ќе) подзатресел; подзатресен св. 1. Затресе, протресе малку, донекаде. Го подзатресе ќебето набрзина и го остави на сонце да се ветрее. 2. безл. Добие треска, тресе малку, во извесна мера. Ме подзатресе и мене, ама бргу ми помина. ● се ~ 1. Се затресе малку, донекаде. Гранката се подзатресе од ветрот та паднаа неколку презреани кајсии. 2. (прен.) Поведе грижа за нешто или за некого. И тој најпосле се подзатресе за децата. ‖ (се) подзатресува, (се) подзатресуваат несв. ‒ повт.