подзавлече

Глагол, свршен

Значење на подзавлече:

1. Завлече малку, во одредена мера; завлече Подзавлечете го килимот накај ѕидот.

2. Со сила завлече нешто во одредена мера, донекаде; завлече 2б. Водата ги подзавлекла паднатите дрва.

3. Незабележително, во мала мера завлече при одење; завлече 3. Тој ја подзавлече ногата по операцијата на стапалото.

Коњугација: (ќе) подзавлечеа , (ќе) подзавлечев , (ќе) подзавлечел , подзавлекле , подзавлекоа , подзавлеков , подзавлекол , подзавлечат , подзавлечен, подзавлечете , подзавлечи .

Изведени зборови:

  • се ~ подзавлече, 1. Се завлече, се пикне малку под нешто. Се подзавлече под креветот, ама пак се гледаше. 2. Се оддолжи малку, извесно време. Се подзавлече работата околу свадбата.
  • (се) подзавлечува, глаг. несв. (се) подзавлечуваат ‒ повт.

Оригинални податоци:

подзавлече, подзавлечат; подзавлечи, подзавлечете; подзавлеков, подзавлекоа; подзавлекол, подзавлекле; (ќе) подзавлечев, (ќе) подзавлечеа; (ќе) подзавлечел; подзавлечен св. 1. Завлече малку, во одредена мера; сп. завлече 1. Подзавлечете го килимот накај ѕидот. 2. Со сила завлече нешто во одредена мера, донекаде; завлече 2б. Водата ги подзавлекла паднатите дрва. 3. Незабележително, во мала мера завлече при одење; завлече 3. Тој ја подзавлече ногата по операцијата на стапалото. ● се ~ 1. Се завлече, се пикне малку под нешто. Се подзавлече под креветот, ама пак се гледаше. 2. Се оддолжи малку, извесно време. Се подзавлече работата околу свадбата. ‖ (се) подзавлечува, (се) подзавлечуваат несв. ‒ повт.